5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Терористички напад во Нов Зеланд, во две џамии убиени 40 лица

Четириесет лица се убиени, а повеќе од 20 се тешко ранети во масовни пукања врз две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд.

Премиерката Џасинда Ардем истакна дека ваков настан може да се опише само како терористички напад.

Како што додаде, Нов Зеланд го подигнал степенот за безбеност од закани на највисоко ниво, пренесе „Би-би-си“.

Таа потврди дека се притворени четири лица со екстремистички ставови, но не биле на ниту една полициска листа на сомнителни лица.

„Ситуацијата е многу сериозна и тешка“, рече полицискиот комесар на новозеландската полиција, Мајк Буш.

Додаде дека четири лица се во притвор.

„Станува збор за тројца мажи и една жена“, рече Буш пред новинарите.

Пукањето се случи за време на петочна молитва, а во џамиите имало голем број на верници.

Спонзорирано: