9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенија протерува тројца државјани на БиХ поради врски со џихадистите

Словенечкото Министерство за внатрешни работи објави дека наредиле протерување на тројца граѓани на БиХ, кои поради врски со исламистичките кругови претставуваат закана за безбедноста.

„Во овој момент можеме да кажеме дека по предлог на љубљанската полиција им е откажано правото на престој на тројца државјани на БиХ со постојан престој во Словенија за загрозување на државната безбедност, јавната безбедност и јавниот ред“, наведува Министерството за внатрешни работи.

Според телевизиската станица ПОП-ТВ, станува збор за тројца мажи што биле во контакт со џихадистот Билал Босниќ, кој регрутирал џихадистички борци за војната во Сирија.

Споменатата тројка ќе биде протерана од земјата бидејќи е утврдено дека активно го поддржуваат верски инспирираниот насилен екстремизам и тероризам, како и за поддршка на употребата на насилство за остварување политички, верски и идеолошки цели.

Спонзорирано: