Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Шести месец по ред пад на продажбата на автомобили во ЕУ

Продажбата на автомобили во Европа бележи пад и во февруари, што е шести месец по ред. Сепак, позитивните резултати на водечките пазари – Германија, Франција и Обединетото Кралство – укажуваат дека на повидок е променa, објави њујоршката агенцијата „Блумберг“.

Регистрирањето нови автомобили во февруари спаднало на 1,114 милион единици, што е намалување од 1,0 отсто во споредба со 1,125 милион од истиот период минатата година, се вели во соопштението на Европската асоцијација на производители на автомобили, а пренесува агенцијата АП.

Иако продажбата во Германија, Франција и во Велика Британија бележи раст првпат по септември минатата година, регистрирањето нови автомобили падна дури 8,8 отсто во Шпанија и 2,4 отсто во Италија.

Сепак, февруарскиот пад на продажбата е најнизок од септември минатата година кога продажбата остро се намали по влегувањето во сила на новите европски правила за тестирање и мерење на емисиите на штетни гасови.