13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Фан страна на фејсбук @zaevzoran
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Осум земји го ратификуваа протоколот за членство во НАТО

Осум земји членки го ратификуваа протоколот за членство во НАТО, одиме напред, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Нашата земја го доби своето заслужено место, седна на масата во НАТО алијансата. Со Романија и Литванија, веќе вкупно 8 земји членки на НАТО го ратификуваа протоколот за полноправно членство. После деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, нешто што е исклучително важно за нас, туку значи напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите“, велат од СДСМ.

Додаваат дека рекордниот раст на инвестициите од над 624 милиони евра е индикатор дека безбедноста, стабилноста и интеграциите ја зголемуваат доверба кај компаниите.

„Инвестициите носат повеќе пари, нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард. Како напредуваме во интеграциите, во членството во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните, државата. Не смееме да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите. Граѓаните добро знаат што значи уназадување, изолација и враќање назад, го чувствуваа тоа 10 години под режимот на ВМРО-ДПМНЕ. На престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат претседател кој обединува, кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател за сите граѓани“ додава СДСМ во соопштението.

Спонзорирано: