13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

САД и Германија реагираа на изјавата на Мицкоски, кој го спореди судењето со Нирнбершкиот процес

Амбасадите на САД и Германија реагираа кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го спореди судењето за 27 април со Нирнбершкиот процес.

Од Амбасадата на САД велат дека таквата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби, особено кога погрешно се користат настани од минатото.

Германската амбасада смета дека споредбата на судските постапки во Северна Македонија со Нирнбершкиот процес е несоодветна и неприфатлива. Оттаму велат дека со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците.

„Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евро-атлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершкиот процес се целосно неприфатливи“, наведува германската амбасада во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ, по реакциите, образложија дека изјавата на Мицкоски била погрешно разбрана и оти споредбата е направена во преносна смила на зборот, прво, зашто се однесува на опфатот на луѓе и, второ, на драконските казни што јавноста ги очекува за крвавиот четврток.

„Во никој случај изјавата не беше кажана со цел да се оправдаат злосторствата од минататa“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: