13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Работна посета на Никола Димитров на Атина

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре, ќе престојува во работна посета на Атина по покана на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Димитров ќе учествува на академска конференција по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на одделот за меѓународни и европски студии на универзитетот во Пиреја. На конференцијата, чиј наслов е „Грчката надворешна политика во 21 век“, Димитров ќе се обрати на панелот „Трансформацијата во југоисточниот Медитеран“ заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.

Во рамките на работната посета на Атина предвидена е билатерална средба на Димитров со својот грчки колега, министерот за надворешни работи, Џорџ Катругалос, како и куртоазна средба со Николаос Вуцис, претседател на парламентот на Хеленската Република.

Спонзорирано: