4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полициско “Поло” и “Пежо” се искршија во Скопје – повеќемина повредени

На 14.03.2019 година во 19,30 часот на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ и улицата “Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Поло“ сопственост на МВР, а управувано од М.Г.(28) и патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(37) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.