7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По драконската казна, се огласи адвокатот на Чавков

Адвокатот на Митко Чавков, се огласи по казната од 18 години која ја доби неговиот клиент.

-Погодив во прогнозите. Реков над 14 години ќе биде казната, сите предвидувања беа потврдени. Се наоѓа во притвор со незаконита одлука за незаконит судски совет, кој нема право да ја донесе таа одлука бидејќи во тој момент беше завршена главната расправа и тоа укажуваше само на една ситуација- драконска затворска казна 2 год помалку од законскиот максимум. Тоа е нешто што го знаевме од почетокот на процесот, од август знаевме, не е за изненадување ни за мене ни за обвинетиот. Пресудата не е производ на утврдена фактичка состојба, нема ни д од кривичното дело за кое се обвинува. Секако ќе поднесеме жалба и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Сигурен сум дека Судот на правната логика, особено во Стразбур, ова нема да го прифати, рече Сашко Дукоски, адвокат на Чавков.

Адвокатот вели дека тој и Чавков се смирени и немаат никаква причина за загриженост.

Спонзорирано: