12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Паднаа над 200 години затвор за крвавиот четврток : Казна од 18 години затвор за Митко Чавков

Екс директорот на БјБ инпоранешен минисстер за внатрешни Митко Чавков бешее осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

Во образложението на судот се вели дека Чавков бил носител на златната команда на 27 април и иако знаел дека толпата ја тресе оградата пред Собранието и влегува внатре, не дал наредба за интервенција на полицијата.

За истото дело се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор.

Оливер Радулов 10 години затвор за помагање во кривичното дело. Игор Дурловски е ослободен до обвиението, бидејќи како што рече судијката Добрила Кацарска, јавниот обвинител не докажал дека тој го сторил делото за кое се обвинува. Односно, според Судот тој на 27 април бил во Собаранието и ја пеел државната химна, но не превзеде дејства на насилство.

Сите обвинети заедно добија 211 години затвор за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

Крвавиот четврток се случи на 27 сприл 2017та кога група демонстранти упаднаа во собранието.

Спонзорирано: