3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото принтскрин/јутјуб
СВЕТТОП ВЕСТИ

Напаѓачот од Нов Зеланд пред нападот слушал српска песна, а на оружјето имал испишано имиња на српски борци

Во Нов Зеланд се случи терористички напад врз две џамии во градот Крајстчрч, во кои убиени се 49 верници, а десетици се ранети. Светските медиуми пренесуваат снимка од автомобилот на напаѓачот, кој се претставува како Брентон Терант, што тој ја емитувал во живо непосредно пред извршувањето на нападот.

Пред влегувањето во џамијата, во еден дел може да се забележи како напаѓачот ја слуша песната „Од Бихаќ до селото Петровац“, пишува српски „Телеграф“. Оваа видео снимка можете да ја погледнете на следниов линк.

На оружјето со кое тој го извршил нападот имало испишано многу зборови на англиски, но меѓу нив може да се забележат и некои на кирилица.

Меѓу другите, може да се прочитаат и зборовите „Бајо Пивљанин“ и „битка“, а напишани се и имињата Милош Обилиќ, Марко Миљанов Поповиќ, Стефан и Лазар.

Покрај неговите подготовки, додека патувал со автомобилот, напаѓачот со „го про“ камера го снимил и самиот терористички чин односно убиствата на верниците во џамијата.

Oфицијалните лица во Нов Зеланд го нарекоа овој ден најмрачниот во земјата.

Во врска со нападот уапсени се четири лица, од кои три мажи и една жена.

Спонзорирано: