21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мајсторот правел свадба – околу 700 луѓе останале два дена без вода

Жителите на две села кај Бујановац, Србија, два дена останале без вода затоа што мајсторот од градскиот водовод се женел. До дефект на пумпата дошло додека траела свадбата, а од водоводот на Бујановац не испратиле друг мајстор.

Прва ТВ објави дека без вода останале околу 700 жители на Српска Куќа и Карадник. Тие го повикале надлежното комунално претпријатие, но мајстор не дошол. Имал слободно денови, па чекале два дена.

„Слушнавме дека мајсторот правел свадба, па немало кој да ни ја поврзе струјата на пумпата. Дури после два дена дојдоа од Бујановац и конечно ни пуштија вода“, рекол еден од жителите на Српска Куќа.

Спонзорирано: