Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Хрватска воведува директен лет од Дубровник до САД

Американската авиокомпанија „Американ ерлајнс“ ќе воведе директни летови Филаделфија-Дубровник на почетокот од јуни оваа година, кои ќе се одвиваат до крајот на септември, рече во петокот директорката на Туристичкиот одбор на Дубровник, Романа Власиќ.

Тоа ќе бидат првите директни летови од САД до Дубровник по 28 години.

Власиќ, која учествуваше на саемот Place2Go, рече дека на релацијата Филаделфија-Дубровник американската авиокомпанија планира да лета трипати неделно со авиони со капацитет од 200 места.

Во тренд…