5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагичен крај на потрагата: Студентот Никола пронајден мртов во шума во Белград

Никола Лековски, 37-годишното момче од Бор по кој полицијата трагаше од 20. февруари е пронајден мртов. Неговиот брат Стефан истакнува дека неговото безживотно тело е пронајдено во шума кај Гроцка.

-Телото на Никола го пронашол човек кој тука во близина чувал кози. Засега не знаеме што точно се случило. Наложена е обдукција и чекаме да биде готова анализата на крвта. Пронајден е во шума на околу 300 метри оддалеченост од патот. Кај себе имал само лични документи, пари и часовник – вели братот на Никола.

Никола кон крајот на февруари се доселил во Белград поради обврски на Факултетот за организациони науки. Два дена после тоа, Стефан се обидел да го добие на телефон, но Никола не се јавувал. Кога отишол во неговиот стан во Белград, во собата бил вклучен лаптопот и оставен мобилниот телефон на маса.

Спонзорирано: