21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предмалку: Уапсен уште еден функционер од претходната власт – Отворена истрага за 4 лица во УБК, штета од 50 милиони денари

Според сознанија на Centar.mk, доцна попладнево е уапсен екс-шефот на кабинетот на поранешниот директор на Управата за Безбедност и Контра Разузнавање, во време на Сашо Мијалков.

Т.Ј. е уапсен од страна на полицијата по барање на Обвинителството, а поради финансиски проневери во УБК, заедно со уште три лица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани. Лицата се осомничени дека како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 50.670.000,00 денари.

Имено, во периодот од јануари 2007 година до мај 2017 година, осомничените како службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“. Во наведениот временски период, во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 50.670.000,00 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје, достави предлог за определување на мерката -притвор за осомничените.

Спонзорирано: