4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вооружен грабеж на бензинска пумпа кај Миладиновци, повреден вработен

Вчера околу 20 часот и 15 минути во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С, вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал.

На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот приведено е едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.