10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Едно лице загина во тешка сообраќајка кај Битола

Битолчанец починал вчера во сообраќајна несреќа информира МВР.

Имено вчера околу 06:50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот М.Ш. од село Секирани, битолско.

Во незгодата починал М.Ш.. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

Спонзорирано: