12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве како да заспиете за само 1 минута

Др. Ендру Веил верува дека стресот од секојдневниот живот со помош на светлината од разни уреди го убиваат сонот и не претвораат во исцрпени зомбија.

Ендру Веил, доктор школуван на Харвард, е заговорник на техниката на дишење 4-7-8 која ги опушта мускулите и ги чисти мислите, а се темели на древна индиска пракса.

Со оваа техника се постигнува повеќе кислород да влезе во белите дробови, а со тоа и во целото тело, и така го опушта.

Др. Веил оваа техника ја препорачува, не само пред спиење, туку и во текот на денот кога сме под стрес.

Заспијте за 60 секунди!

1. Издишете го во целост воздухот преку уста.

2. Затворете ја устата, вдишете тивко преку носото и во мислите бројте до четири.

3. Задржете го здивот броејќи до седум.

4. Повторно издишете во целост преку устата броејќи до 8.

5. Вдишете и повторете го циклусот уште три пати.

Спонзорирано: