Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Последна шанса за Тереза Меј, клучно гласање за брегзит во британскиот парламент

Британската премиерка Тереза Меј вчера доби правно известување како гаранција за брегзит од Европската Унија, еден ден пред клучното гласање во британскиот парламент.

Меј вчера во Стразбур се сретна со претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер, во последен обид да добие гаранција која, претходно договорениот договор со ЕУ, ќе го направи прифатлив за британските пратеници.

„Денеска обезбедивме правно известување за измените“ рекла Меј на заедничката прес-конференција со Јункер, 17 дена пред излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Британската премиерка најави три документи: заеднички инструмент, заедничка изјава и еднострана декларација, за која рекла дека има за цел да го реши најспорниот дел од договорот, таканаречениот „backstop“. Тоа е заштитен механизам за избегнување тврди граници меѓу Северна Ирска и Република Ирска по брегзит, за што дел од британските пратеници стравуваат дека Обединетото Кралство ќе го задржи врзано со ЕУ без временско ограничување. Според Меј, заедничкиот инструмент би требало да го намали ризикот Лондон да остане во стапицата на „backstop“.