12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова трагедија во Србија: Андор пронајден мртов во домот на својот другар, легнал да спие и не се разбудил

Младиот Андор О. пронајден е мртов во куќа на бабата на негов другар, каде отишол на спиење.

Според рспките медиуми Андор (15) бил на журка во Бачка Топола по која не се вратил во живеалиштето, туку отишол во куќата на другарот да ја преспие ноќта, пишуваат српските медиуми.

– Заспав околу 22 часот. За време на ноќта ме разбудија и ме замолија Андор да преспие во другата соба, бидејќи во собата на Валентин има само еден кревет. Не знам колку часот беше, прво зборуваа пред вратата, а потоа влегоа во соба и таму си зборуваа, а подоцна и легнале. Не знаевме дека детето починало, додека утрината не дојде неговиот татко да праша дали неговиот син е тука, рекла бабата Ержебет, која има околу 80-тина години

– Околу 8 часот дојде таткото на детето и ме праша каде му е синот. Му реков да погледне во собата, бидејќи не видов дека стана. Таткото таму го најде во кревет, тој лежеше покриен без да мрдне. Таткото викна: „Стани сине“, но тој починал. Сите сме во шок, не знаеме што се случило, вели бабата и додава дека веднаш повикале полиција, додаде таа.

Другарот на Андор вчера бил во целосен шок. Тој вели дека завчера Андор и тој слушале музика кај него во соба и после тоа Андор рекол дека не сака да оди дома.

– Се пожали дека го боли глава, па се напи бруфен, за кој ми рече дека го нашол некаде и легнал да спие. Алкохол не пиевме, пиевме само сок. Утрината видовме дека е мртов, раскажува Валентин и додал дека Андор неодамна раскинал со девојата.

Тој дал изјава во полиција, а истрагата околу смртта е во тек.

Спонзорирано: