10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел се дистанцираше од Макрон за визијата за иднината на Европа

Месец и половина откако Германија и Франција во Ахен го потпишаа новиот Елисејски договор, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Makron ги покажаа разликите во однос на визијата за иднината на Европа пред мајските избори за Европскиот парламент.

Меркел отворено го поддржа предлогот на својата конзервативна партија за Европа, кој се разликува од предлогот на Макрон, а особено истакна дека се залага за единствено европско место во Советот за безбедност на Обединетите нации.

,,Мислам дека станува збор за многу добра идеја за иднината”, изјави германската канцеларка во Берлин, коментирајќи ги предлозите за Европската Унија, кој минатиот викенд ги изнесе нејзината наследничка на местото претседател на Христијанско-демократската партија, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Меѓу овие предлози, кои го претставуваат одговорот на новите идеи што ги изнесе Макрон, е и отворањето на европско место во Советот за безбедност.Меркел истакна дека тоа место треба ,,да ги обедини европските гласови во Советот за безбедност”, со што Франција ќе го изгуби правото на вето, кое го доби по Втората светска војна.

Спонзорирано: