11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ поплавени во објектот на СЈО

Од СЈО за емисијата „360“ потврдија дека минатата недела се случила поплава во нивниот објект и биле зафатени дел од документите собирани како докази за три предмети.

-Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување, одговорија од СЈО.

Спонзорирано: