8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Стево Пендаровски рекордер – собрал највеќе потписи

На 24. седница на Државната изборна комисија како 6. точка на дневен ред беше разгледувањето на потписите кои ги собираа кандидатите за претстојните претседателски избори.

Како што информира портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска од 9 кандидати кои собирале потписи, успешно 10.000 собрале само три кандидати.

„Од вкупно 9 кандидати кои што собираа потписи за поддршка во нашите подрачни канцеларии, тројца кандидати ги собра потребните минимум 10.000 потписи со кои може да поднесат листа на кандидирање до Државната изборна комисија. Кандидатката Гордана Силјановска Дафкова со 15926 потписи, Блерим Река со 11128 пописи и Стево Пендаровски со 31729 потписи“, рече Љупка Гугучевска – портпарол на ДИК.

извор ТВ 21