11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов проблем за Тереза Меј – евроскептиците ќе гласаат против брегзит

Британската премиерка Тереза Меј се соочува со ново понижување, откако двете големи евроскептични фракции во парламентот предупредиле дека ќе гласаат против нејзиниот договор за развод, бидејќи не успеала да добие отстапки од Европската Унија.

Само 18 дена пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, на 29 март, Меј настојува во последен момент да обезбеди промена на договорот за напуштање на блокот, пред утрешното гласање во парламентот, за тоа дали ќе го одобри договорот.

Ако повторно биде одбие договорот, пратениците во среда ќе гласаат за напуштање на ЕУ без договор, на 29 март, а доколку го одбијат и тоа, тогаш во четврток ќе гласаат за одложување брегзит.

Нигел Додс, потпретседател на Демократската унионистичка партија, која поддржува малцинска Влада на премиерката Меј, и Стив Бекер, водечко лице во големата евроскептична фракција на нејзината Конзервативна партија, предупредија дека договорот на Меј ќе биде одбиен.

Европските претставници соопштиле дека во преговорите за време на викендот не бил постигнат напредок и изразиле незадоволство од обидите на Меј да обезбеди отстапки само неколку недели пред британскиот излез од Унијата.

Спонзорирано: