21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британските пратеници утре мора да донесaт одлука за брегзит

Британските пратеници утре повторно ќе гласаат за договорот за брегзит, како што беше договорено меѓу премиерката Тереза ​​Меј и претставниците на ЕУ. Пред нив е историска одлука за тоа дали ќе го поддржат договорот или ќе ризикуваат хаотичен излез од ЕУ кој треба да се случи за помалку од три недели.

Долниот дом на британскиот парламент пред два месеца го отфрли овој договор со големо мнозинство од гласовите и ја испрати Меј во Брисел на нови преговори.

Европските лидери ги отфрлија нејзините барања, а во преговорите меѓу биртанските и европските претставници сè уште нема напредок.

Доколку британските пратеници не го прифатат договорот и доколку не се договори продолжување на преговорите, Велика Британија ќе мора да ја напушти ЕУ на 29 март, по 46 години членство, што ќе предизвика големи промени за двете страни.

Договорот за разидување во јануари беше отфрлен од мнозинството од 230 пратеници, и иако во меѓувреме неколку пратеници го променија мислењето и сега го поддржуваат договорот, сè уште нема индикации дека има голем пресврт во мислењето кај повеќето од нив.

Опозициската лабуристичка партија сé уште се спротивставува на тоа, дури и откако Меј се обиде да придобие некои пратеници, ветувајќи дека ќе ги заштити работничките права, како и дополнителни пари за сиромашните градови.

Ако договорот утре биде повторно отфрлен, пратениците во среда би требало да гласаат за брегзит без договор, а во четврток за одложување на брегзит.

Меј понуди можност за кратко и ограничено одложување, но е против тоа, предупредувајќи дека пратениците на крајот сепак ќе мора да донесат одлука за иднината на земјата.

Секое одложување би требало најпрво да биде одобрено од лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, кои ќе се состанат на самит во Брисел на 21 и 22 март, една недела пред договорениот датум за брегзит.

Спонзорирано: