19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Страотна сообраќајка на новиот автопат во изградба, има повредени

На 09.03.2019 година во 11,15 часот било пријавено дека на автопатот во изградба Миладиновци-Штип, кај клучката за влез во Свети Николе, патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Г.М.(86) од Берово, удрило во сообраќајни знаци.

Г.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: