10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Спасени над 40 рибари кои останале заробени на санта мраз

Американската крајбрежна стража и локалната спасувачка служба во Охајо, спаси повеќе од 40 рибари кои се нашле заробени на санта мраз во езерото Ири.

Спасени се вкупно 46 лица, од кои двајца со хеликоптер биле префрлени во болница.

Надлежните добиле информација дека голем број луѓе се заглавени на санта мраз која се одвоила од главниот замрзнат пат поврзан со островот Катоба.

Крајбрежната стража, како што е соопштено, испратила хеликоптери од Детроит, а локалните спасувачи пристигнале со чамци.

Спонзорирано: