13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Facebook
СВЕТ

Со длабока тага објавувам дека мојата драга сопруга Бланка, синот Мартин и ќерката Мишел починаа – Словачки пратеник го загуби целото семејство во авионската несреќа

Антон Хрнко, словачки пратеник, објавил дека неговата сопруга и двете деца се меѓу загинатите патници кои биле на летот на „Етиопијан ерлајнс“.

Со длабока тага објавувам дека мојата драга сопруга Бланка, синот Мартин и ќерката Мишел починаа во текот на воздушната катастрофа во Адис Абеба денес во утринските часови, напишал тој и замолил за малку тишина во нивна чест.

Загина и србин

Во трагедијата во која загинаа 157 патници загина и српски хуманитарец.

Ѓорѓе Вдовиќ (54) е меѓу загинатите патници во падот на авионот на Етиопиан Ерлајнс, кој се урна утрината на релацијата Адис Абеба-Најроби. Загинатиот Србин бил вработен во Светската програма за храна на Обединетите нации.

Фото: Официјална фејсбук страница на Ethiopian Airlines

Авион Боинг 737 се урна близу аеродромот во Адис Абебе

Нема преживеани во авионската несреќа на компанијата „Етиопија ерлајнс“, кога утрово се сруши авион со 157 патници и членови на екипажот, соопшти националната телевизија.

„Во авионот имало патници од 33 земји“, наведе државната телевизија.

Авионот се сруши шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абебе, соопштија од авиокомпанијата.

„Боинг 737“ беше на редовен лет од Адис Абебе до Најроби, а причините за несреќата не се познати.

Спонзорирано: