23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ објави видео и ја прашаа Сиљановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко

Откако конечно ја дозна големата вистина, Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко, порачаа од СДСМ.

– Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски се однесува како да не е од тука, како да не живеела во државата последните десет години.

Се лаже ако мисли дека со таква лажна реторика сака да побегне од фактот што му се поклони на груевизмот, велат од СДСМ во рекацијата упатена до медиумите.

– Дали Силјановска знае воопшто кој ја кандидирал и која партија застанала зад нејзината кандидатура?, прашаа од СДСМ.

– Доколку не знае, точниот одговор е дека таа беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ како кандидатка на Христијан Мицкоски.

Да, тоа е истиот Мицкоски кој бил асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет, истиот Мицкоски кој како советник на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали.

Сега, откако конечно ја дозна „големата вистина“ за кариерата на Мицкоски, редно е Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски од толку асистенти на Машинскиот факултет бил асистент токму кај сопствениот татко?

Обидот на Силјановска да се однесува како да не е од тука, не го менува фактот дека таа и Мицкоски се последните остатоци од Груевизмот.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе брани криминал и партиски интереси и затоа на изборите масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија, велат од СДСМ.

Спонзорирано: