13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / илустрација
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Невреме во Македонија: Снег, дожд и значително пониски температури веќе од утре

Утре попладне, почнувајќи од запад и север облачноста ќе се зголемува и вечерта, преку ноќта, како и во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време на пониските места со врнежи од дожд.

На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.

Прогноза за 12.03.2019
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 4°С до 11°C
Претежно облачно со повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоко и на планините особено на запад од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 13.03.2019
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец.

Прогноза за 14.03.2019
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Променливо облачно и посвежо со услови за слаб локални врнежи кои на планините ќе се од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Спонзорирано: