12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Законот за СЈО нема да биде донесен набрзина и под притисок

Обезбедување услови за претседателски избори и реформските закони, беа темите на вечерашната две и пол часовната средба во Владата, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев. По средбата, Мицкоски изјави дека размениле факти околу овие прашања и заклучиле дека Македонија мора да оди во вистински правец.

,,Средбата беше корисна за релаксирање на политичката атмосфера.Во првиот дел ги изнесовме забелешките дека има политички прогон и партиски вработувања. Дополнително потенциравме каде имавме неправилности при референдумот. Во вториот дел разговаравме за СЈО. Значајно е дека ова обвинителство го загуби кредибилитетот кај нас. Новиот закон за обвинителство треба да биде разгледуван во работните групи од сите партии”, рече Мицкоски.

Тој додаде дека имале многу забелешки за предлог-законот за обвинителство, но дека се надеваат дека ќе се изнајде решение. ,,Ние предлог текстот го добивме во четвртокот.
Немавме време да го разгледаме составот, но според нас постоечкиот тим не треба да ја добие довербата. Но, сепак треба да ги отвориме темите и за тоа ќе се дебатира. Претседателот на Владата се согласува да ги отвориме сите теми”, рече Мицкоски.

Тој рече дека е договорена оперативма комуникација за двата штаба на претседателските кандидати.,,Немам гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски, но се надеваме дека оваа средба треба да придонесе за довербата.Сепак ние остануваме зад барањето за предвремени избори и очекуваме нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова да победи”, вели лидерот на опозицијата.

Иако законот за обвинителство е суштествен за преговорите, тој вели дека нема да брзаат и додека законот не биде донесен како што треба, нема да биде донесен под притисок.
Тимовите ќе работат интензивно, но сепак нема да брзаат.

Спонзорирано: