21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Mинистерка без важечка возачка дозвола удрила во дете во Хрватска

Министерка за регионален развој и ЕУ фондови на Хрваска, Габриела Жалац која возела без важечка возачка дозвола со возилото кое го управувала удрила во дете.

Хрватските медиуми веќе наголемо пишуваат за инцидентот, наведувајќи дека се работи за мало девојче кое претрчало на улицата, на место на кое немало пешачки премин. Детето е хоспитализирано и не е во животна опасност.

Од полицијата соопштија дека на министерката, бидејќи управувала возило со неважечка возачка дозвола, изречена и е парична казна во износ од околу 135 евра, односно 67 евра доколку казната ја плати веднаш што, како што се наведува, било направено.

Алко-тестирањето покажало дека министерката во моментот на сообраќајната несреќа не била под влијание на алкохол, наведе хрватската „Н1“.

Спонзорирано: