12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

До петок ќе трае обврската за поседување на зимска опрема во возилата

Автомотосојузот на Македонија потсетува дека без оглед на моменталната временска состојба законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата,, трае до 15 март, односно до петок, следната недела.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Спонзорирано: