11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Принтскрин/РСЕ
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Димовски: Може да поддржам продолжување на работата на СЈО

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во интервју за РСЕ рече дека може да го поддржи законот за СЈО, но доколку се направи систем кој би бил гаранција дека оваа институција ќе обезбеди владеење на правото. Тој рече дека како учесник во Собранието во текот на процесот на создавање на СЈО, се обидува да дефинира став за поддршка за натамошно постоење на СЈО. Според него, како во Собранието и судството, така и во СЈО има луѓе професионалци и непрофесионалци, како и квалитетни односно неквалитетни постапки.

“Тоа значи дека кога сето тоа би било спакувано во еден систем којшто ќе значи гаранција на човековите права, којшто ќе значи гаранција на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, посебно поради тоа што сум дел од тие постапки. Од аспект, јас не се чувствувам виновен. Јас впрочем и не сум бил одговорно лице за материјално-финансиско работење, за тоа што на некој начин СЈО ме тангира. Формално-правно јас не треба да бидам дел од тие предмети, но сакам да го покажам тоа, сакам да го пратам тој сигнал дека да, ако јас сум спремен да се носам и да присуствувам на тие судски процеси и да спорам со законите и со постапките и со доказите, добро, секој политичар треба да го помине тој процес ако има каков било сомнеж”, рече Димовски.

Спонзорирано: