10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег и дожд во Македонија: УХМР најавува значително опаѓање на температурите

Денеска времето ќе биде Сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.

Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето.

На места ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Прогноза за 09.03.2019
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 16°С до 24°C
Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 10.03.2019
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 15°C до 23°C
Сончево со умерена облачност и со умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 11.03.2019
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Под влијание на влажен и постуден бран во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Спонзорирано: