13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИС

Анѓушев соопшти среќна вест: Економски раст од 3.7 проценти, Невработеноста на најниско ниво во историјата

Во последниот квартал од 2018 година растот на БДП изнесува 3,7 отсто, а невработеноста 19,4 отсто, соопшти вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Трендот на растот на БДП е позитивен, што потврдува дека владините економски политики се правилно поставени и дека добро обмислените мерки во сите сектори ги даваат очекуваните резултати. Растот на БДП во четвртиот квартал на 2018 година изнесува 3,7%, додека невработеноста ја проби психолошката граница од 20%, односно падна на 19,4%, што претставува намалување од 3,6% за само една година, односно креирани се 26.600 работни места во текот на изминатата година“, рече Анѓушев.

Тој додаде дека растот на БДП се базира на раст на градежништвото, кое што е вратено во нормала, со раст од 19,6% во четвртиот квартал, растот на финалната потрошувачка, како и извозот на стоки и услуги. Индустрискиот раст во јануари 2019 година бележи раст од над 12%.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, четвртиот квартал е период на комплетна реализација на мерките и активностите од годишните програми.

„Само во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2018 поддршката за компаниите ја зголемивме, односно бизнис субјектите имаа на располагање на 47 милиони денари и со неа обезбедивме поддршка на развојот на над 150 претпријатија. Годинава фирмите имаат дури нешто над 53 милиони денари, поделени во дел за мали и средни претпријатија, за кој се веќе активни неколку мерки, дел за индустриска политика, каде поддршка ќе добијат субјектите од преработувачката индустрија, дел за кластерско здружување и нов дел за општествено-одговорно работење“, рече министерот за економија Бектеши.

Спонзорирано: