15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Ќе бидам многу разочаран ако Ким продолжи со нуклеарни проби

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе биде незадоволен доколку како точни се покажат извештаите дека Северна Кореја обновува лансирна рампа кога лидерот на оваа земја во Виетнам му ветил дека ќе ја продолжи забраната за нуклеарни и ракетни проби.

„Јас би бил многу, многу разочаран од претседателот Ким“, изјави Трамп запрашан од новинарите во врска со извештаите за обнова на лансирната станица „Сохае“ во Северна Кореја, која се наоѓа во ридовите северозападно од Пјонгјанг.

Сателитски снимки покажале нова активност во оваа лансирна станица во Северна Кореја и предизвикаа нови сомнежи дека Ким Џонг-ун навистина има намера да се откаже од нуклеарното оружје. Сепак, Трамп изјави дека сè уште се надева на договор кој лидерите на двете земји не усепаја да го постигнат на самитот минатата недела.

Трамп изјави дека неговиот однос со лидерот на Северна Кореја и натаму останува добар. Тој се обидува да ги нормализира односите со Северна Кореја и фаворизира директни разговори со Ким, но до нивниот трет состанок, кој веќе се споменува, преговорите, најверојатно, ќе се водат на пониско ниво.

Спонзорирано: