15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба и работилница во чест на 8 Март

Во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на 7 март (четврток) со почеток во 12 часот, НУ Музеј на македонската борба организира изложба и хуманитар¬на работилница на тема Жената борец за слобода и македонска државност.

На традиционалниот настан во организација на едукаторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, ќе се обрати и директорката на музејот Даниела Николова, а покрај изложените експонати за жените борци од македонската историја, ќе бидат презентирани и Праисториските дами од Македонија од Ирена Колиштрковска-Настева (Археолошки музеј на Македонија). Во рамки на свеченоста, ќе настапи Ансамблот Македонија, додека хуманитарната работилница ја реализираме во соработка со Здружението на инвалиди „Мобилност“ од Скопје.

Спонзорирано: