15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Честитки од градоначалникот Мицевски за пензионерките по повод 8-ми Март

По повод претстојниот празник 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги посети пензионерките, и им го честиташе претстојниот празник со честитка за добро здравје, среќа и долг живот.
Градоначалникот Мицевски, заблагодарувајќи се на здружението на пензионери за поканата да биде дел од свечениот настан, се обрати пред жените пензионерки од кривопалнечкиот регион, од Ранковце како и од Ќустендил-Р.Бугарија и рече:

-Драги дами, бидете горди жени, затоа што во вас е втакена мудроста, достоинството, издржливоста,упорноста,силата, а во исто време и нежноста, љубовта и внималтелноста.Бидете такви уште долги години и исполнете ги годините со живот, а не животот со години.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Имајте само пријатни моменти не само денес кога го прославувате вашиот празник, туку секој нареден ден во животот и нека среќата биде ваша секојдневна реалност, здравјето трајност, љубовта и вниманието постојано да ги исполнува вашите срца и души.

Нека ви е среќен 8-ми март, меѓународниот ден на жената од мое лично име и името на општинската администрација и Советот на Општина Крива Паланка, рече градоначалникот Мицевски во своето обраќање пред пензионерките.

Спонзорирано: