11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заврши предистражната постапка за Пројковски, се чека конечна одлука од ОЈО

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во моментов ги анализира доказните материјали што беа прибавени во текот на предистражната постапка против поранешниот директор на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски, а по сеопфатна анализа ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука, одговорија од ОЈО за „Макфакс“.

Основното јавно обвинителство шест месеци прибираше документацијата по пријава од инспекторите на МВР а која се однесува на сомнежи за незаконски дејствија што се вршени од 2015-2017 година и за злоупотреба на службената должност од страна на поранешниот директор Пројковски со што буџетот на Македонскиот народен театар е оштетен за 150.000 евра.

Екипите на МВР во правната служба на најголемата театарска национална куќа МНТ влегоа во август годинава. Инспекторите од одделот за организиран криминал постапуваа по пријавата на Министерството за култура, кое имало индиции дека режисерот и поранешен директор Пројковски ја злоупотребил службената должност, вршел сомнителни јавни набавки и ненаменски потрошил средства во висина на 150.000 евра.

Од анализите на документите од јавните набавки што ги направил адвокатот на МНТ, Жарко Стевовски, беше констатирано дека во МНТ се трошело на големо и со сомнителна законитост.

(Makfax)

Спонзорирано: