14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, има повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Велес – Штип, на клучката кај село Кадрифаково.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале комбе „фиат дукато“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(64) од Кочани, и автомобил „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(66) од Скопје.

Во незгодата возачот на возилото „пежо“ се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката од истото возило М.И.Х.Д.(66) се здобила со телесни повреди. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип, каде што им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Спонзорирано: