20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

По 5 месеци се јави добитникот на милијарда и пол долари во САД

Добитникот на американската лотарија „Мега милиони“, кој уште во октомври освои 1,5 милијарди долари, конечно по пет месеци се пријавил кај надлежните барајќи во готово да му се исплати сума од околу 877 милиони долари, соопшти Комисијата за лотарија на Јужна Каролина.

Добитникот посакал да остане анонимен, а официјалните лица во јавноста го нарекуваат само „Јужнокаролинец“.

Тој можел да избере дали џекпотот од милијарда и пол долари ќе му се исплаќа на рати во период од 29 години или веднаш во готовина да добие 877 милиони долари. Ја одбрал втората опција, што е најголема исплата за џекпот на поединечен добитник во историјата на САД, соопшти Националната комисија за лотарија.

Местото каде што било продадено среќеното ливче исто така ќе добие награда од 50 000 долари, а државата Јужна Каролина ќе има приход од 61 милион долари од данокот на добивка.

Ливчето било продадено во октомври, а победникот имаше рок до 19 април да ја пријави добивката.

Спонзорирано: