4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против насилници кои со нож повредиле гости при кафанска тепачка во Драчево

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица поради сомнение дека тешко повредиле двајца други при тепачка во угостителски објект во Драчево.

Како што информираат од МВР, лицата се обвинети дека на 7 октомври минатата година, во угостителски објект во Драчево, во група и со умисла извршиле грубо насилство, при што тешко повредиле две лица и со тоа кај гостите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Откако критичната вечер обвинетите дошле како гости во локалот, најпрвин започнале расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од обвинетите со употреба на нож им нанел тешки убодни рани на двајцата оштетени. Настанот се одвивал пред повеќе гости во локалот, кај кои обвинетите предизвикале чувство на страв.

Тие се товарат за сторено кривично дело „насилство“.

Од обвинителството истакнуваат дека за двете обвинети лица на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје.