5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силјановска Давкова: Време е Македонија да има претседател жена

Утринава кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј при што говореше какво е чувството да биде прва жена кандидат за претседател на Република Македонија.

-Па видете, симбол на Македонија од секогаш е големата мајка. По тоа сме познати ние и мене ми е природно. Меѓутоа македонскиот свет, македонската политичка култура се уште страда од парохијалност, патријахалност и можеби затоа и на мојот факултет се срамам од тоа иако предавам за човекови слободи и права што значи за родова рамноправност, но еве и во државата досега не сме имале претседател жена. Мислам дека е време да имаме, појасни Силјановска Давкова.

На прашањето на водителот дали Силјановска Давкова очекувало за толку малку време да собере над 16.000 потписи, таа одговори не, бидејќи досега тоа не се случило.

-Но што покажуваше тоа? Тоа покажа дека ова време е навистина за надпартиски кандидат. Зошто покрај редовните потписи што ги добивале досега кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, јас бев убедена дека можам да допридонесам со додадена вредност на гласови. Односно, дека можам да ги соберам гласовите на сите оние 2/3 кои одбија да учествуваат во легитимирањето на референдумското безмислено прашање, појасни Силјановска Давкова.

Спонзорирано: