15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Интернетот “гори” по објавата за Стево: Силна поддршка за претседателската кандидатура на Пендаровски

Вистинска експлозија од статуси на социјалните мрежи во поддршка на Стево Пендаровски како претседателски кандидат на Социјалдемократите, ДУИ и уште 30-тина партии.

Социјалните мрежи се преполни со првите впечатоци од номинирањето на Стево Пендаровски за претседател на земјава.

Граѓаните споделуваат фотографии на кои тие се фотографирани со Пендаровски од последната претседателска кампања која се оддржа во 2014-та година, кога тој доби речиси 400 илјади гласа, а многумина сметаат дека победата му беше украдена.

– По една деценија, Република Северна Македонија добива вистински претседател, велат граѓаните на социјалните мрежи, а ние издвојуваме и некои поинтересни коментари и фејсбук статуси:

  • Украдената победа од 2014-та ќе си ја вратиме,
  • Конечно ќе не огрее сонце. Македонија добива вистинска личност во вистинско време!
  • Прав избор,
  • Честито вистински избор, пишува друг граѓанин.
  • Јас сум оптимистка и можам уште сега да му честитам на Господинот Пендаровски, напишала граѓанка коментирајќи ја веста дека Пендаровски е кандидат за претседател.

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски напиша моќен статус:

Се ОБЕДИНИВМЕ повторно! Сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и сите други!

За ПРВПАТ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА – различните застануваат зад еден кандидат.

Застануваме СИТЕ ЗАД СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ; натпартиски, европски, граѓански – пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Северна Македонија!

Стево е човек кој одамна донесе одлука да влече НАПРЕД наместо НАЗАД! Ги избра граѓаните!

Изразуваме голема благодарност за ГОЛЕМИНАТА на ДРУГИТЕ НАШИ КАНДИДАТИ ФАВОРИТИ: Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров и другите кандидати.
Големи луѓе, ЛОКОМОТИВИ НА ВЛАДАТА, кои одлучија ДА ОДРАБОТАТ во Владата, за реформите, за граѓаните! Одлучија да му дадат предност на натпартискиот Стево Пендаровски!

ДА ЖИВЕЕ НАШЕТО ЗАЕДНИШТВО, да живее нашето заедничко општество, да живее Северна Македонија со својот иден претседател Стево Пендаровски!

Со поддршка излезе и генерал Стојанче Ангелов:

– Најискрени честитки до Стево Пендаровски!Со неговиот ангажман како советник на претседателот Борис Трајковски помогна за прекин на воениот конфликт во 2001-та и постигнување на кревок но траен мир.Во иднина, како Претседател на Државата, со неговото богато професионално и политичко искуство и знаење, ќе има можност да го води процесот на помирување и постигнување на бескомпромисен, цврст и траен мир, напиша генерал Стојанче Ангелов.

Инаку Стево Пендаровски ќе биде поддржан од најмалку 30 политички партии, во кои спаѓаат најголемите македонски, албански, турски, ромски политички опции.

Спонзорирано: