19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Северна Македонија прва членка што спроведе конкурентен јавен тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија

ЕКОНОМИЈАСеверна Македонија прва членка што спроведе конкурентен јавен тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергијаОбјавено пред 2 часа – 1 март, 2019Од Макфакс

Енергетската заедница нотира дека нашата земја е прва членка на Енергетската заедница, која спровела конкурентска тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

„Во согласност со новиот Закон за енергетиката, во кој е имплементиран третиот енергетски пакет, нашата земја почна постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија и снабдувач во краен случај за период од пет години. Конзорциумот на ‘ЕВН Македонија’ и ‘ЕВН електроснабдување’ победи на тендерот нудејќи најниска понуда во споредба со другите понудувачи. Ова е прва конкурентна тендерска постапка во Енергетската заедница“, е нотирано во соопштението на Енергетската заедница.

Според третиот енергетски пакет, како што се наведува, на сите потрошувачи, односно на домаќинствата и на малите претпријатија, им се гарантира правото на универзално снабдување, односно да се снабдуваат со електрична енергија со определен квалитет по разумни, лесно и јасно споредливи, транспарентни и недискриминаторски цени.

Договорните страни на Енергетската заедница може да назначат снабдувач во краен случај, со цел да се заштитат потрошувачите во ситуации кога би пропаднал нивниот снабдувач со електрична енергија, како и да се заштитат неактивните потрошувачи или потрошувачите со тешкотии при плаќањето.

Во согласност со законските процедури, целосната постапка за универзален снабдувач и снабдувач во краен случај ќе биде целосно завршена во наредните недели.

Спонзорирано: