11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Германски град заплени куче поради долг и го продаде на „Ибеј“

Германскиот град Ахлен, кој запленил семејно куче и го продал за да подмири долгови, предизвика критики во јавноста. Кучето, Еда, била понудена на „Ибеј“ за 750 евра.

Претставникот на градот, Дирк Шлебес, рекол дека законите овозможуваат запленување на вреден имот како што е расно куче.

„Добивме малку пониска цена од таа што ја побаравме и парите се уплатени во градската благајна“ рекол Шлебес за ДПА.

И купувачот и семејството, кое остана без своето куче, подеднакво се незадоволни. Жената која го купила кучето се чувствува измамена, бидејќи кучето е болно и лекувањето е скапо. Новата сопственичка на Еда му се закани на градот со тужба и бара поврат на парите за подмирување на ветринарските трошоци за очната болест на кучето.

Поранешните сопственици на Еда пак се несреќни зошто им недостасува.

Спонзорирано: