16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва трагедија во Македонија – Убиено 23 годишно момче

Момче на 23 годишна возраст вечерва е убиено во струшкото село Поум, уште едно лице се здобило со тешки повреди и е пренесено во Медицинскиот центар во Струга јави ТВ21.

Од МВР ја потврдуваат информацијата појаснувајќи дека настанот се случил околу 18 часот и 40 минути во селото Поум, кога У.В. роден 1997 година од истото село пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973), а имало други лица.

Според полицијата, З.Б. починал, а В.Б. бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.

Сторителот сам се пријавил во Полициската станица во Струга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: