13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСАНАЛИЗАИЗБОР

Насмевката на лицето на Кочо Анѓушев кажува се’ – Македонија се движи во вистинска насока

Анѓушев не го криеше задоволството од историскиот успех на Северна Македонија кога ги соопшти бројките од странските директни инвестиции во Македонија кои рушат рекорди во историјата на земјата.

Насмевката која на лицето ја имаше вице-премиерот Кочо Анѓушев на денешната прес конференција кога беа презентирани реално-гледано првите точни статистики за економските политики на Владата во 2018-та, кажува се’, Македонија се движи на вистинскиот пат.

624,5 милиони евра директни инвестиции влегле во Македонија во 2018-та, што е рекордно ниво во историјата на Република Северна Македонија, тоа може да значи и директен показател дека државава конечно застанува цврсто на нозе, а странските, но и домашните инвеститори ја цементираат довербата во Македонската економија, која за време на владеењето на режимот беше многу кревка и постојано зависеше од хаосот во кој живеевме, секојдевните инциденти, кризи,кавги кои се случуваа во општеството, а влијаеше и невидената корупција во која беше навлезена претходната власт за што веќе се отворени серија обвинителски истраги и акти од страна на СЈО и ОЈО.

За познавачите на економските текови, ваквата ситуација беше предвидлива откако се реши долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, но и се потпишаа пријателски договори со соседите, со што Македонија стана единствена земја која нема отворени прашања со своите соседи.

Премиерот Заев стана херојот кој го поведе Западен Балкан напред и дава инспирација на другите земји да ги следат ваквите примери преку компромис, а не преку конфликти и тензии да се решаваат проблемите. Ваквото решение на проблемите може да придонесе само за силни економии на овие простори, а тоа ќе значи поголема среќа и достоинствен живот за граѓаните.

Анѓушев: 276% повисоки инвестиции во 2018-та споредено со просекот од последните 8 години – Не потрошивме ниту еден денар за реклами

Вицепремиерот за економски прашања посочи дека нивото на странски директни инвестиции во Република Северна Македонија во 2018 година е за 276% повисоко во однос на просекот во претходните 8 години и за 82% повисоко од претходно најдобрата 2011 година.

„Претходно гледавме многу лопати, ленти, маркетинг, виртуелна економија, промотори и роуд шоа и потрошени над 225 милиони евра за привлекување на странски инвестиции со резултати како што ги знаеме. Со посветеност и јасна визија за модернизација и индустријализација на стопанството, со нула трошоци за маркетинг, постигнавме резултатите кои се 276% повисоки од просекот во последните 8 години“, нагласи Анѓушев.

Македонија годинава може да очекува бројка на странски инвестиции со седум нули
Само најавата на една германска компанија која ја обелодени премиерот Зоран Заев дека веќе донела компанија за инвестицијата во Северна Македонија од 120 милиони евра, и таа за две грчки компании кои веднаш по ратификувањето на Преспанскиот договор одлучиле да инвестираат 750 милиони евра во Македонија се ближиме кон 1 милијарда евра инвестиции најавени во 2019-та.

Но тоа нема да биде се’, ако се знае дека со членството во НАТО, Северна Македонија стана стабилна и безбедна земја за инвестирање, а зад нејзината безбедност стои целиот НАТО сојуз. Можеме слободно да очекуваме голем број на одлуки на познати странски компании кои ќе инвестираат во земјава.

Преспанскиот договор ги покажува првите резултати

Дополнителна мотивација за инвеститорите ќе биде најавениот почеток на преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија за пристапување на нашата земја во ова европско семејство, кое треба да биде обзнанено кон средината на оваа година.

Северна Македонија со Преспанскиот договор ги отстрани и сите можни политички пречки на патот кон ЕУ, па сега се зависи од нас.

Храброста, но и влогот кој го дадоа Заев и Ципрас со потпишувањето на договорот ќе биде моторот кој ќе не движи напред и џокерот кој ќе ни ги отвори вратите нашироко, кој го нема ниту една друга за пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ.

Дадовме многу, па сега јасно е дека ЕУ треба да ни врати. Стабилна Северна Македонија, значи стабилен Балкан, стабилен Балкан значи Стабилна Европа. Македонската приказна нашироко на Балканот шири позитивна енергија, за слично решавање на проблемите.

Спонзорирано: