19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски: Ја продолжуваме идејата на Трајковски за градење мостови на пријателство

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска присуствуваше на првиот молитвен појадок, што под покровителство на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ се одржа по повод одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.

Во своето обраќање пред присутните генералниот секратар Кирацовски истакна дека идејата на претседателот Трајковски за регионален молитвен појадок не е заборавена, туку дека таа денес се реализира во сеќавање на ликот и делото на Трајковски, кој постојано градеше мостови на соработка.

„Претседателот Трајковски останува запаметен по мудроста и зрелоста во носењето политики што беа во интерес на сите граѓани. Тој посветено градеше мостови на пријателство застапувајќи ја идејата дека земјава припаѓа во евро-атланското семејство. Исправени пред нови предизвици ги споменуваме неговите заложби и се стремиме кон носење одлуки во интерес на сите граѓани, кои ќе ни овозможат безбедна иднина и сигурна и просперитетна држава“, посочи Кирацовски.

Тој ја поздрави идејата за организацијата на регионален молитвен појадок кој на едно место донесе сегашни и поранешни државници од регионот, стопанственици и интелектуалци, пријатели што ги почитуваат и негуваат делата што претседателот Трајковски ги остави зад себе.

„Овој прв молитвен појадок нека биде почеток на еден процес што го трасира патот што води кон изградба на силно и просперитетно општество“, заклучи Кирацовски.

Спонзорирано: