10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кичевчанка не пријавила дека и починала мајката, па продолжила да зема пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 60- годишната З.Ш од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

„Во периодот од 06.09.2011 година до јуни 2018 година пријавената не ја пријавила смртта на нејзината мајка Ј.К. пред надлежните служби, при што во наведениот период од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на сметката на Ј.К. биле исплатени 1.655.700 денари.

Во наведениот период, пријавената, од банкомати во Кичево,Охрид и Струга, од дебитната картичка на Ј.К. подигнала 729.500 денари и нанела штета на Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија“ стои во извештај од полицијата.

Спонзорирано: